ЛАНСКИТЕ ДОБИВКИ НА КУЌИТЕ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ СЕ 10,5 МИЛИОНИ ЕВРА, А ЦЕЛИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР ЌАРИЛ 150 МИЛИОНИ ЕВРА

Пари анализира: Како работат небанкарските финансиски друштва за кредитирање.

Минатата година вкупниот приход на сите небанкарски финансиски друштва што се занимаваат со кредити, а ги има 31, бил 46,8 милиони евра, а нивната вкупна нето- добивка изнесувала 10,5 милиони евра. Тоа се пари заработени од камати и разни административни трошоци за позајмените пари, но има пари и од реализирани други услуги, затоа што според Регистарот на финансиските друштва, дел од нив имаат и други финансиски активности покрај одобрувањето кредити ‒ администрирање на кредитни картички, факторинг и издавање на гаранции.

Податоците за 2021 година се значително подобри отколку за 2020 година, кога овие друштва направиле вкупен приход од 27,8 милиони евра и вкупна нето-добивка од 4,1 милион евра.

Во 2020 година, од оваа група на ТОП 10 финасиски друштва во 2021, две биле и во загуба, станува збор за Иуте кредит кој во 2020 година имал загуба од 262.000 евра и Флекс кредит со загуба од 11.500 евра.

Податоци за финансиски друштва кои одобруваат кредити

|во милиони евра|

ПРИХОД ВО 2021 ГОД.ПРИХОД ВО 2020 ГОД.ДОБИВКА ВО 2021 ГОД.ДОБИВКА ВО 2020 ГОД.
45,827,8  10,54,1

ШТО Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ БАНКИТЕ И НЕБАНКАРСКИТЕ КРЕДИТОРИ?

Исто така, интересен податок за тоа во која насока се движи овој сектор дава споредбата со банкарскиот сектор. Лани, кога куќите за брзи кредити направиле добивка од 10,5 милиони евра, банките направиле добивка од 150 милиони евра.

Основна разлика меѓу банките и финансиските друштва за брзи кредити е тоа што банките собираат пари од депоненти и ги пласираат како кредити, а финансиските друштва имаат свој капитал кој го пласираат како кредит. Она што ги привлекува корисниците е многу полесниот начин да се добијат пари преку финансиските небанкарски друштва. Секако, и банкарското и небанкарското кредитирање има своја цена, и таа често е критикувана во јавноста. Небанкарските финансиски друштва се изложени на висок ризик (што тие го пресметуваат во секој одобрен кредит), токму од лесното давање кредити.

КОИ СЕ НАЈМОЌНИТЕ КУЌИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ?

Најголем приход минатата година се слеал во ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА – дури 11,8 милиони евра, и со тоа ова финансиско друштво остварило добивка од 1,2 милиони евра. Ова значи дека стапката на профитабилност како учество на добивката во вкупните приходи е 10,16 %. Во 2020 година компанијата имала загуба од 262.000 евра.

Милионски добивки, и тоа во евра, имале и ТИГО ФАЈНАНС, М КЕШ Македонија, ФЛЕКС КРЕДИТ, СН ФИНАНСИИ, КРЕДИСИМО и ДИЏИТАЛ ФАЈНАНС ИНТЕРНЕШНАЛ. Податоците покажуваат дека овие финансиски друштва, освен СН ФИНАНСИИ, кое ја намалило добивката, имале значително подобрен финансиски резултат. ИУТЕ КРЕДИТ и ФЛЕКС КРЕДИТ успеале минусот да го претворат во плус. Во однос на приходите, пак, нема финансиско друштво од овие ТОП 10 кое не ги зголемило приходите во 2021 година во однос на 2020 година.

ТОП 10 ФИНАНСИСКИ ДРУШТВА ПО ПРИХОДИ ВО 2021 ГОДИНА

|ВО ЕВРА|

КОМПАНИЈАПРИХОД ВО 2021 ГОД.ПРИХОД ВО 2021/2020 ГОД.ДОБИВКА ВО 2021 ГОД.ДОБИВКА ВО 2021/2020 ГОД.
ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА11.800.000+ 61,2 %1.200.000/
ТИГО ФАЈНАНС8.200.000+ 78,6 %1.700.000+ 172,1 %
М КЕШ Македонија5.400.000+ 137,0 %1.000.000+ 1.255 %
ФЛЕКС КРЕДИТ4.000.000+ 602,892.100.000/
КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС3.700.000+ 66,8 %1.300.000‒ 13,9 %
СН ФИНАНСИИ3.600.000+ 67,0 %634.000‒ 7,38 %
КРЕДИСИМО2.800.000+ 64,9 %684.000+ 10,46 %
ДИЏИТАЛ ФАЈНАНС ИНТЕРНЕШНАЛ2.600.000+ 1,76 %226.000+ 1.413,5 %
ИЗУ ФАЈНАНС760.000+ 133,8 %328.000+ 1.096,0 %
ПЕОН ДОО Струмица395.000+ 21,7 %275.000+ 30,1 %

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/gragjanite-se-povekje-svrteni-kon-lesnoto-pozajmuvanje/

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.