ЛДП И ЛИБСЕН се изборија со Европските либерали да се изгласа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите

Либерално-демократската партија (ЛДП) оствари огромна дипломатска победа со тоа што на  овогодинешниот Конгрес на партијата АЛДЕ, кој викендов се одржува во Виена (3-5 јули 2026), со огромно мнозинство беше усвоена Итната резолуција за визионерско проширување на ЕУ и достоинство на границите.
„Додека на домашната сцена се води празна реторика и се троши драгоцено време на дневен популизам, ЛДП испорачува реални и опипливи резултати таму каде што се носат клучните одлуки за иднината на Македонија. Со оваа победа во Виена, извојувана заедно со нашите сестрински либерални партии, испративме силна и обединета порака од срцето на Европа: за либералите Македонија мора да напредува кон ЕУ со крената глава, без уцени и историски кочници, а малтретирањето на нашите граѓани по границите мора веднаш да престане. Човековото достоинство нема цена и ЛДП нема да отстапи од неговата заштита. Либерално-демократската партија продолжува да биде најсилниот и најефикасниот мост на Македонија кон развиениот демократски свет, борејќи се со аргументи и конкретни дела за достоинството на секој македонски граѓанин.“, изјави Зајкова.
Овој стратешки важен документ беше поднесен од страна на ЛДП, предводејќи ги сестринските партии од Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕН), со што уште еднаш се докажа моќта на либералното сојузништво кога се во прашање државните интереси, се наведува во соопштението на ЛДП .
Македонската делегација во Виена ја предводеше претседателката на ЛДП и актуелна претседателка на ЛИБСЕН, Моника Зајкова, која преку силна лоби-акција и координација со европските партнери, ЛДП успеа да ги наметне реалните проблеми на македонските граѓани како врвен приоритет на европското либерално семејство.
Клучниот аспект на оваа резолуција е директниот напад врз понижувачкиот третман што македонските граѓани го доживуваат на границите со Европската Унија, со посебен акцент на т.н. Систем за влез/излез (EES). Во текстот на резолуцијата, европските либерали изразија длабока загриженост поради фактот што овој систем неправедно ги третира земјите-кандидати како обични „трети земји“, што резултира со недозволиви административни тесни грла, деградација и сцени на границите кои сериозно го нарушуваат човековото достоинство.
АЛДЕ упати итен повик до институциите на ЕУ и земјите-членки за итна реформа на овие протоколи, со цел да се заштити прекуграничната економија и да се врати европската солидарност на дело.
Истовремено, со оваа резолуција се бара децидно и итно прекинување на практиката на билатерализација на пристапниот процес.

The post ЛДП И ЛИБСЕН се изборија со Европските либерали да се изгласа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: