Левица: КАСАМИ НАЈАВУВА ДВОЈАЗИЧНИ БАНКОТИ – ДПМНЕ ДОЗВОЛУВА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ

КАСАМИ НАЈАВУВА ДВОЈАЗИЧНИ БАНКОТИ – ДПМНЕ ДОЗВОЛУВА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ

ВРЕДИ ја повампирува идејата на ДУИ за воведување на двојазични банкноти. Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ по којзнае кој пат толерираат шовинистичка политика промовирана од сопствениот коалициски партнер.

Сецесионизмот за кој предупреди #Левица е сосема очекуван по давањето заклетва на Конститутивната собраниска седница на албански јазик од спикерот Гаши. Со неподдржувањето на интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица, ДПМНЕ само ја отвори вратата за анти-државни политики. Веднаш по ова следуваше барањето за паралелна албанска академија на науките и уметностите, за сега одново да дојдеме до барањето за двојазични банкноти.

Додека народот не може да скрпи крај со крај и секојдневно гледаме како младите луѓе ја напуштаат државата без разлика на кој етникум припаѓаат, политичката елита, во отсуство на идеја за решавање на реалните проблеми на граѓаните, не престанува да ги гради своите кариери преку промоција на етношовинизам, иредентизам и секцесионизам.

Заканите за дестабилизација на државата, за пресудата на Уставниот суд дека „Балансерот“ е неуставен, во најмала рака се иредентизам и загрозување на безбедноста на државата! Наместо осуда, Државата сето ова го штити (преку неизгласувањето на интерпелацијата) и наградува (со издвојувањето на 35 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“).

Незаштитувањето и несанкционирањето при удар врз уставниот поредок и унитарниот карактер на државата, не само што не ја спречува, туку и ја стимулира федерализација на државата.

Затоа, Левица апелира државните институции да ги преземат неопходните дејствија против оние кои го нарушуваат уставниот поредок. Алармира дека национал-шовинистичките политики не донеле ништо добро во државата. Бараме секој од останатите политички чинители да се оградат и ја осудат анти-државната идеја на Касами и ВРЕДИ. За потези кои го нарушуваат унитарниот карактер на државата, не смее да се дискутира!

Пронајдете не на следниве мрежи: