Левица: Муцунски е волк во јагнешка кожа

И покрај мнозинството во Советот на општина Аеродром кое го има партијата на градоначалникот Тимчо Мицунски ДПМНЕ општината предводена од Тимчо не реализира никакви видливи проекти за жителите на Аеродром изминатава година.

Оваа ситуација во која градоначалникот Тимчо Муцунски ги има сите алатки да реализира проекти, но истите не ги гледаме или изостануваат доведуваат до ситуација каде неговата матична партија, а и он самиот поради очигледни фрустрации од неспособноста се впуштени во бркање вештерки, барање кривица кај трети субјекти и гледање смртни непријатели во опозициското делување на Левица во општината.

Така додека градоначалникот Тимчо Муцунски го гледаме како се шета по школите и градинките низ Аеродром и во недостиг на реални проекти ги користи најмалите жители тоест децата за политичка кампања, неговата матична партија брка вештерки обвинувајќи ја Левица поради критичкото опозициското делување во општината за некаква си коалиција со партијата СДС која како воопшто и да не постои во Општина Аеродром, а уште помалку пак делува критички и опозициски.

Да се потсетиме на нереализираните или полуреализираните проекти од страна на Тимчо Муцунски за оваа година:

· Бришење на неговата веб страна www.timco.mk со цел жителите да немаат увид во тоа што ветил во кампањата за локалните избори и што не исполнил.

· Хаварисаните возила собрани од паркинзите однесени под Железничката станица, наместо во отпад. Каде истите се претворени во камп за бездомници.

· Казнување на жителите за кабаст отпад, додека во општината нема место за изложување на кабаст отпад иако такво место беше ветено од Тимчо.

· Трошење 20 000 евра годишно за изнајмување принтери.

· Купување таблети само за четвртоодделенците, наместо со тие пари да се опремат информатички лаборатории во сите школи кои би ги користеле сите ученици.

· Паркингот како проблем нерешен без изглед за негово скоро решавање.

· Протекување на новиот плоштад позади Бисер и немање желба за санација на штетите на жителите кои имаат гаражи под плоштадот.

· Немање системско решение за дивите депонии, тоест откако ќе се исчистат од отпад експресно се полнат со нов отпад.

· Спортските општински игралишта се даваат на приватни концесионери да стопанисуваат со нив и да им наплаќаат на жителите за нивно користење.

· Прво историско задолжување на општината кај комерцијалните банки во време кога каматните стапки се на рекордно највисоко ниво во Македонија.

· Застанување на страната на локалните шерифи наместо на страната на мирните жители. Неосуда за насилството врз советник на Левица од страна на локален шериф. Поттикнување насилство и молчење пред истото со што преќутно е одобрено насилството.

· Ангажирање на целата општина во праќање лажни деманти по медиуми со цел заштита на локален шериф кој малтретира мирни жители и тепа советници.

· Лажење за резултатите од инспекциските контроли со цел прикривање криминал со узурпација зелена површина од истиот локален шериф за што се фатени на дело и ќе бидат набрзо и повикани на одговорност.

Левица е единствено и само во коалиција со народот и мирните жители во Аеродром кои градоначалникот Тимчо Муцунски ги има заборавено по изборите, откако во огромно мнозинство му го дадоа гласот и довербата верувајќи му на неговите лаги и манипулации во кампањата.

Довербата која тешко се добива, но многу лесно се губи. Доверба која Тимчо не ја заслужи и затоа експресно ја губи, поради својата неспособност да реализира проекти, манипулативност до степен секојдневно да користи деца во политичка кампања, ароганција на ниво да измислува кривец во Левица за неговата некадарност да реализира капитални проекти.

Вистинскиот непријател на жителите на Аеродром е волкот во јагнешка кожа Тимчо Мицунски и жителите секојдневно сѐ повеќе ја согледуваат вистинската нарав на „префинетиот” Тимчо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.