четврток, 12 ноември 2026
Најново

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пратеникот Амар Мециновиќ, од политичката партија Левица денеска на прес-конференција најави предлог за измени на Законот за минимална плата со кој се бара зголемување на минималната месечна плата на 30.000 денари, почнувајќи од јули 2025 година.

Предлогот, како што истакна Мециновиќ, е изготвен во согласност со барањата на синдикатите и е одговор на тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Ова го предлагаме веднаш по најголемото задолжување во историјата на Република Македонија – шест милијарди евра. За да се избегнат штетните ефекти од евентуални мерки на штедење, потребно е веднаш да се зголеми минималната плата“, изјави Мециновиќ.

Тој ја критикуваше Владата и владејачката коалиција за, како што рече, системско разбивање на синдикалното организирање и притисоци врз работниците.

„Јавноста беше сведок на дискредитации, манипулации и директни притисоци врз синдикалното движење. Сега сме во фаза каде што челници од ВМРО-ДПМНЕ вршат притисок работниците да го напуштат автентичниот синдикат и да преминат во алтернативни, структури кои тврдат дека и сегашната минимална плата е доволна.“, додаде тој.

Мециновиќ нагласи дека сегашната минимална плата од 24.000 денари не е доволна за основна егзистенција и дека „граѓаните бројат денари и денови како да преживеат во услови на инфлација“.

„Овој закон не ги ни исполнува потребите на нашите граѓани, но е чекор напред кон подобрување на нивната куповна моќ и егзистенцијална сигурност. Време е да се прифати ова решение“, заклучи Мециновиќ.

ЛИНК од видеото

Поврзани вести