четврток, 12 ноември 2026
Најново

Левица со осуда за навредите на Кочовска кон Петровска: „Подли, мизогини и недостојни изблици на вмровските политичари“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Политичката партија Левица го осудува говорот на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска која на пратеничката Славјанка Петровска ѝ кажа дека нема право да зборува за семејство бидејќи нема деца.

– „По овој скандалозен чин, како и претходниот инцидент со вербални навреди кон нашата пратеничка Јована Мојсоска од страна на Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека Мицкоски ги избира своите најблиски соработници по нивото на ароганција. Овие подли, мизогини и недостојни изблици на вмровските политичари ги гледаме многу кратко по преземањето на кормилото на државата, што покажува за опасната траекторија по која се движиме. Очекуваме осуда за овој говор од Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на Република Македонија“, велат од Левица за Инфомакс.

Поврзани вести