“Стареењето е секси”, вели манекенката со самодоверба, додека учествува во сцена каде нанесува кармин во канцеларија.
Манекенката Паулина Поришкова е заштитното лице на козметичката куќа Лаура Гелер и снимила реклама за нив со пораката “стареењето е секси” и дека “убавината со текот на времето станува само подобра”.
View this post on Instagram
Паулина, која зад себе има завидна кариера,е една од ретките која немала козметички зафати ниту пластични операции.
Оваа 56-годишна манекенка учествува во кампањата “Ајде да старееме заедно”, а на почетокот од видеото вели: “Зрела, напредба, средновековна. Ајде заедно да го изговориме тоа: стареам, што има лошо во тоа?”.
Во рекламата носи црно бикини и изгледа сјајно, а коментарите на нејзиниот Инстаграм профилот само се нижеле: “Супер изгледаш”, “Преубава си”, “Неверојатно”.
Поришкова во текот на 1980-те години била една од најпознатите светски манекенки.