Ужасни вести доаѓаат од Холандија, откако легендарниот Марк Овермарс, екс-фудбалер на Ајакс, Барселона и Арсенал е во многу потешка состојба одошто првично беше објавено, откако пред еден месец беше хоспитализиран поради срцев удар.
Холандски „Де Телеграф“ објави детали од состојбата на Овермарс кои се многу лоши во однос на охрабрувачката првична добра состојба, зашто легендарното крило после срцевиот удар сега има трајно и непоправливо сериозно оштетување на срцето.
„Овермарс претрпе непоправливо оштетување на срцето, кое сега е способно да испумпува крв само со 30 отсто од својот нормален волумен“, стои во информацијата на „Де Телеграф“.