Ледено кафесито за уникатно уживање

Вашето ново омилено кафе!
Потребни состојки:
60 милилитри слатка павлака или пола-пола
120 милилитри полномасно млеко
1 лажичка шеќер (по желба)
60 милилитри еспресо
Ледени коцки
Цимет (по желба)
Чоколадни трошки (по желба)
Морско оревче (по желба)


Начин на подготовка:
Подгответе го еспресото на стандардниот начин и префрлете го во шолја, па ставете го фрижидер да се олади. За најдобар вкус, подгответе го кафето вечерта пред спиење за сабајлето да ви биде спремно.
Изматете ги слатката павлака, млекото и шеќерот во чаша и потоа направете пена со маталка за млеко. Кога ќе почне да пени, додајте само една ледена коцка и продолжете да матите уште 45 секунди. Кога млекото ќе се прошири, додајте ги останатите ледени коцки.
За крај, ставете го оладеното кафе во изматената смеса и поставете една цевка. Декорирајте по желба со цимет, чоколадни трошки и морско оревче.
Уживајте во викендот!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.