Ледено кафе со чоколадо и сладолед

Зимско кафе што му пркоси на студот
Потребни состојки (за две кафиња):
40 грама црно кафе
2 кафени лажички шеќер (по желба)
600 милилитри полномасно млеко
4 топки сладолед од ванила + 2 топки за декорација
Парче чоколадо или чоколадно колаче
Чоколаден сируп
Какао во прав
Шлаг пена (по желба)


Начин на подготовка:
Ставете ги изладеното млеко, шеќерот, кафето во прав и сладоледот од ванила во блендер. Матете додека не добиете смеса која наликува на смуди. Сипете половина од мешавината во висока чаша која претходно ќе ја декорирате со чоколаден сируп. Додајте топка сладолед и чоколадо за декорација и посипете малку какао во прав. Слободно додајте и шлаг пена, доколку сакате да добиете поблаг пијалак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.