ЛЕКАРИТЕ СТРОГО И ЗАБРАНИЈА – Кралицата Елизабета нема да присуствува на климатскиот самит следната недела

Британската кралица Елизабета нема да присуствува на климатскиот самит COP26 во Глазгов следната недела, бидејќи и било советувано да се одмори, соопшти денеска Бакингемската палата.
– По советот да се одмори, кралицата презеде полесни обврски во Виндзор – се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.
Се додава дека „Нејзиното височество со жалење одлучи да не патува во Глазгов за да присуствува на климатскиот самит“.
Одлуката на кралицата Елизабета да не присуствува на климатскиот самит COP26 во Глазгов следната недела беше разумна мерка на претпазливост и таа се надева дека другите нема да ја искористат нејзината одлука како причина да го пропуштат овој настан, рече извор од Бакингемската палата.
Кралицата ќе им се обрати на насобраните делегати преку снимена порака, се додава во соопштението на палатата.
Кралицата Елизабета минатата среда остана една ноќ во приватната болница „Крал Едвард VII“ во Лондон, откако беше подложена на „прелиминарни испитувања“ поради неодредена, но не и болест која на кој било начин е поврзана со коронавирусот, јавува Ројтерс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.