Лекари предупредуваат за раст на бројот на деца со симптоми слични на коронавирусот

Доктори од Велика Британија добиле итно предупредување дека расте бројот на деца со сериозни симптоми слични на оние на Ковид-19.
Општите доктори се предупредени дека во последните три недели во Британија се поголем број деца тешко заболуваат од симптоми слични на коронавирусот, но и дека истиот ретко ги погодува децата.
Предупредувањето најпрво го добиле лекарите во северен Лондон, а подоцна истото било потврдено и од Педијатриското здружение за интензивна нега, кое итно ги алармирало сите лекари, пренесува Скај њуз.
Тие предупредуваат дека дошло до пораст на бројот на сите од сите возрасти со мултисистемска воспалителна состојба која бара интензивна нега.


Директорот на Националната здравствена служба на Англија, професор Стивен Повис, истакнал дека ова прашање се третира како итно, но дека е прерано да се воспоставува врска со коронавирусот.
Тој предупредува дека болеста е „многу, многу ретка“.
Главниот медицински советник на владата Крис Вит истакнал дека постои можност Ковид-19 и тешкото заболување кај децата да се поврзани.
Случаите кои биле разгледувани имале „крвни параметри во согласност со тешките инфекции на вирусот Ковид-19“. Некои деца кои ги имале овие симптоми биле позитивно тестирани на коронавирусот, некои претходно имале вирус, додека други не.
-Расте загриженоста дека инфламаторниот синдром поврзан со Ковид-19 се појавил кај децата во Велика Британија или дека можеби постои уште еден, досега неидентификуван интективен патоген, поврзан со овие случаи, соопштило Здружението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.