четврток, 12 ноември 2026
Најново

Лекот за рак почна да се тестира врз луѓе, ги уништува сите видови цврсти тумори во рана фаза

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американските научници развија лек во форма на таблета кој при претклиничките тестови ги уништи сите цврсти видови на рак и ги остави здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција „ДПА“.

Лекот за рак почна да се тестира врз луѓе, ги уништува сите видови цврсти тумори во рана фаза

Научниците од „City of Houp“ – една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во вторникот во која се детализирани првите резултати од тестирањето на „апчињата за убивање рак“ АОХ1996.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачкиот клеточен нуклеарен антиген (ПЦНА) – протеин кој во својата мутирана форма е „клучен“ во репликацијата на ДНК и „поправката“ на сите „тумори кои се шират“, велат од „ City of Houp“

Линда Малкас, професорка на Катедрата за молекуларна дијагностика и експериментална терапија во Медицинскиот центар во Калифорнија, го развива лекот во последните 20 години.

Малкас рече: „ПЦНА е како главен центар на аеродромски терминал кој содржи повеќе влезови на авиони“.

-Податоците сугерираат дека ПЦНА е уникатно изменета во клетките на ракот, а овој факт ни овозможи да дизајнираме лек кој цели само на формата на ПЦНА во клетките на ракот. Нашето апче за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар, ги затвора сите дојдовни и појдовни летови само на авиони што носат клетки на ракот, рече таа.

Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека АОХ1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек.

Таблетата се покажа како ефикасна во лекувањето на клетките кои потекнуваат од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.

Тестирана е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар.

Поврзани вести