Еден од најмоќните лекови против чир на желудник и дванаестпалачно црево, како што тврди познатиот доктор од Србија, Бранимир Несторовиќ, се прави од обична зелка. Тој јавно споделува рецепт, чии делотворни својства ги поткрепува со истражувања кои покажале 95% подобрување на состојбата, после само 2-5 дена користење.
„Овој лек ги обновува клетките на желудникот, но делува и на уништување на Helicobacter Pylori- предизвикувач на чир на желудникот и дванаесетпалачното црево“, вели Несторовиќ“, кој е признат педијатар, пулмолог и алерголог од Белград.
Тој е познат по својот неконвенционален пристап и совети за лечење, со примена на природни лекови, а особено стана познат за време на пандемијата со корона вирусот.
Ви го пренесуваме рецетот на познатиот српски доктор.
Потребни се 3 шолји исецкана зелка на која се додаваат 2 чаши провриена вода.
Оваа мешавина се става во блендер и се блендира 10 минути.
Добиената смеса се пресипува во тегла, се остава малку празнина на врвот од теглата и херметички се затвора.
Се остава да отстои 3 дена на температура од околу 20 степени.
Потоа се процедува и се чува во фрижидер.
Се пие по една чаша од добиениот сок, секое утро, половина час пред појадок.
Пожелно е да се користи еколошки произведена зелка, без третман со заштитни препарати.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.