недела, 15 ноември 2026
Најново

Ленче Ристевска не е во опција за државен јавен обвинител, тврди Мицкоски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва за Канал 5 откри дека во игра за државен јавен обвинител се три имиња од предложените четворица кандидати од Советот на јавни обвинители. Меѓу кандидатите не е името на обвинителката Ленче Ристовска.
– Апсолутно не се сите во игра и мојот став е дека тоа име не е во игра, рече Мицкоски во емисијата „Само интервју“.
Ристовска беше една од четворицата кандидати предложени од Советот на јавни обвинители која ги исполнуваше условите за државен јавен обвинител.
Ристовска веќе извесен период е во судир со власта и најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ по едно интервју на премиерот Мицкоски. Ристовска ги застапува и обвиненијата во случајот „Талир“.

Поврзани вести