Состојки
250 гр. брашно
250 гр. брашно манитоба
300/325 гр. млеко
30 гр. путер
10 гр. маст
20 гр. шеќер
8 гр. квасец
10 гр. сол
5 гр. слад во прав
Ставете ги квасецот и сладот во млекото на собна температура да се растопат. Ако собната температура е под 23°С млекото стоплете го малку да биде сосема малку млако. Додајте пола од брашно и замесете. Оставете го тестото да стасува 20 минути. Потоа во садот со тестото додајте ги останатото брашно, солта, шеќерот,маста и путерот и замесете. Оставете го тестото да стасува 30 минути, размесете го и повторно оставете го да стасува уште 60 минути. Од тестото направете топки од 70-80 гр. премачкајте ги со млеко, наросете ги со семки и оставете ги да стасуваат околку 30-40 минути. Печете ги во загреана рерна на 180-190°С додека не заруменат.
Важно 》маста и путерот можете да ги замените со иста количина масло.