Тиквичките се многу сестрана и едноставна намирница за подготовка. Тие се исто така нискокалорични, но во истовреме и богати со разни нутритиенти.
Младите тиквички се идеални и за консумација во сиров облик, но денеска ви претставуваме рецепт за припрема на превкусна густа супа во која ќе ужива целото семејство.
Потребни состојки:
– 4 млади тиквички
– 1 страк праз
– 1 парче пашканат
– 2 чешниња лук
– неколку гранчиња темјан
– прстофат чили снегулки
– ½ лажица мелен ким
– 750 мл. бујон или вода
– 150 мл. млеко
– сол, црн бибер
– маслиново масло
Начин на припрема:
1. Измијте ги тиквичките и исецкајте ги на крукчиња, без да ги лупите (или на коцки со подеднакви големини). Исчистете го празот и исецкајте го на крукчиња. Излупете го пашканатот и исецкајте го на ситни коцки.
2. Во еден сад загрејте маслиново масло, додајте го издробениот лук, чили снегулките и темјанот, а потоа додајте го празот. Гответе 7-8 минути, а потоа додајте го мелениот ким и пашканат и кратко пропржете.
3. Додајте ги тиквичките и налејте го бујонот или водата, посолете, додајте црн бибер и продолжете да готвите на средно силен оган околу 30 минути.
4. Оставете малку да се излади, а потоа со рачен миксер (или блендер) измиксирајте ја сварената супа.
5. На крајот додајте го млекото, оставете малку да крчка на тивок оган и по потреба додадете уште зачини.
6. Послужете во длабоки чинии, со коцки препржен леб и неколку капки маслиново масло.
Пријатно јадење!