Оваа супа ќе ви помогне да се ослободите од проблемите со стомакот и болката во желудникот. Освен тоа, ќе уживате во нејзиниот прекрасен вкус.
Потребни состојки:
300 гр. свежи шампињони
1 главица лук
1 мал морков
1 чаша млеко
1.5 дл павлака за готвење
сол
бибер
мешавина на зачини
Начин на подготовка:
На малку масло издинстајте го лукот, па додајте ги шампињоните исечени на парчиња (оставете 2 од нив на страна). Кога тие ќе омекнат, испасирајте ги во блендер. Вратете ги на оган, а потоа додајте ги 2-те преостанти шампињони исецкани на парчиња, морковот исецкан на парчиња, мешавината зачини, солта и биберот, па потоа прелијте со вода.
Кога морковот ќе омекне, додајте ги млекото и павлаката, кратко гответе, па послужете.