Летен ручек од кој ќе излижете прсти – Ролнички од тиквички и пилешко месо

Ги обожаваме тиквичките – здрави, вкусни и нискокалорични, а може да се употребат во безброј варијации на рецепти.
Овојпат имаме предлог за ручек од кој ќе ги излижете прстите – ролнички од тиквички полнети со пилешко месо, доматен сос и стопен кашкавал врз нив.
Се прави лесно и брзо, а еве како изгледа постапката:
Потребни состојки:
500g пилешки гради
2 лажици маслиново масло
1 сечкан кромид
2 чешниња сечкан лук
1 лажичка кумин
2 лажички црвен пипер
1,5 шолји доматен сос
4 големи тиквички, излупени и исечкани на тенко, по должина
1/3 шолја рендан кашкавал
Сол и црн бибер, по желба според вкусот


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C.
Во тава за готвење загрејте го маслото. Ставете ги пилешките гради и пржете ги на средна температура додека не се зготват целосно, од прилика околу 6 минути од секоја страна.
Зачинете со сол и бибер и извадете ги од тавата. Почекајте целосно да се оладат и со помош на 2 виљушки ситно исечкајте ги „на конци“.
Во истата тава додадете го сечканиот кромид и пржете го околу 3 минути додека не се кристализира. Додадете го лукот и зачините, а на крајот додадете го и сечканото пилешко месо.
Додадете 1 шолја од доматниот сос и добро измешајте.
Со помош на ноже за лупење исечкајте тенки ленти од тиквичките.
Наредете 4-5 лентички, една до друга како на фотографијата, за да се преклопуваат малку.
Истурете ја преостанатата количина од доматниот сос врз ролничките. На крајот ставете го ренданиот кашкавал.
Печете во загреана рерна околу 20 минути, додека кашкавалот добро не се стопи и зарумени.

Ставете малку од смесата со пилешко месо и завиткајте во ролничка. Повторете ја постапката со преостанатите ленти од тиквичките, додека не ги потрошите сите и не ги наредите во садот за печење, кој претходно сте го подмачкале со масло за јадење.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.