1 поголем млад кромид
2 поголеми домати
5-6 пиперки
магдонос
масло
сол и мелен црн пипер
На масло испржете го исечканиот кромид. Откако ќе стане стаклест додадете ги исечканите пиперки и пржете на тивок оган додека омекнат. Потоа додадете ги излупените и исечкани домати. Пржете додека не испари течноста. Посолете, по желба зачинете со црн пипер и додадете сечкан магдонос.