Летна фантазија на вкусови: Овошен десерт со крем од ванила!

Направете мини торта во комбинавија со лимон, бисквити и ванила, која ќе ги воодушеви вашите најблиски.
Бисквити од лимон:
– 3 јајца;
– 150гр. шеќер;
– 1 ванилен шеќер;
– 200мл. јогурт;
– 150мл масло;
– изрендана кора од 1 лимон;
– брашно;
– 1 прашак за пециво.
Крем од ванила:
– 300мл. млеко;
– 1 пудинг од ванила;
– 3,4 лажици шеќер;
– 30гр. путер или маргарин;
– 1 ќесичка шлаг во прав.


Подготовка за бисквитот:
– изматете ги пенесто јајцата со шеќерот, ванилниот шеќер и додадете ги јогуртот и маслото;
– додадете ја изренданата кора со лимон и брашното, па прашакот за пециво;
– калапите за мини тортички наполнете ги малку повеќе од половина.
Подготовка за кремот:
– направете го пудингот со шеќер во 300мл. Млеко, како што го правите секогаш;
– растопете го путерот и потоа оставете го да се лади;
– кога целосно ќе се излади, измешајте ја и ќесичката со шлаг во прав;
– бисквитот наполнете го со разладениот крем и украсете го со овошје по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.