Летни полнети пиперки

8 пиперки
300 г сирење
1 домат
1 јајце
70 г сечкана шунка
50 г сечкани маслинки
100 мл доматен сос
2 лажици гриз
босилек, копар, магдонос
масло
сол и црн пипер
Пиперките измијте ги и отстранете им ги семките. Сирењето издробете го, додадете ги јајцето, гризот, шунката и маслинките, и зачинете по вкус. Промешајте го филот, наполнете ги пиперките и затворете ги со кругови домат. Наредете ги во намрсена тава, попрскајте ги со масло и додадете го доматниот сос. Печете околу 45 минути на 200 степени или додека поруменат.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.