Лејкерси како седмопласирани влегоа во плејофот

Кошаркарите на ЛА Лејкерс изборија пласман во плејофот, откако во последниот меч во регуларниот дел од сезоната, по продолжението, забележаа победа над Хјустон со 99:95.’Езерџиите’ и со пораз ќе играа во разигрувањето, бидејќи Јута загуби од Мемфис со 70:96, но со победата над Хјустон, ЛА Лејкерс ја избегнаа Оклахома во првото плејоф коло.Лејкерси како седмопласирани во Западната конференција во првото коло во плејофот ќе играат против Сан Антонио.Лејкерси до победата над Хјустон ги предводеа Пау Гасол и Двајт Хауард – Шпанецот оствари ’трипл-дабл’ од 17 поени, 20 скокови и 11 асистенции, додека Хауард мечот го заврши со 16 поени, 18 скокови и четири блокади.Инаку најефикасен во тимот на ЛА Лејкерс беше Стив Блејк со 24 поени, на кои придодаде по седум скокови и асистенции.Хјустон на овој натпревар беше предводен од Џејмс Харден (30 поени, 8 скока), односно Чендлер Парсонс (23 поени), овој играч со тројка во последната секунда го однесе натпреварот во продолжение.Во последните натпревари од регуларниот дел од сезоната во НБА лигата победи забележаа Мајами, Њујорк, Чикаго, Голден Стејт, додека загубија екипите на Оклахома, Сан Антонио и Бостон. Резултати:Торонто-Бостон 114:90Бруклин-Детроит 103:99Њујорк-Атланта 99:92Шарлот-Кливленд 105:98Мајами-Орландо 105:93Индијана-Филаделфија 95:105Чикаго-Вашингтон 95:92Мемфис-Јута 96:70Далас-Њу Орлеанс 99:87Сан Антонио-Минесота 95:108Оклахома-Милвоки 89:95Денвер-Феникс 118:98ЛА Лејкерс-Хјустон 99:95Сакраменто-ЛА Клиперс 108:112Портланд-Голден Стејт 88:99.
МакфаксКошаркарите на ЛА Лејкерс изборија пласман во плејофот, откако во последниот меч во регуларниот дел од сезоната, по пр

Пронајдете не на следниве мрежи: