Либан привремено ќе го затвори воздушниот простор

Либан ќе го затвори својот воздушен простор во недела од 1.00 до 7.00 часот поради настаните во регионот, објави Министерството за транспорт и јавни работи на земјата.

„Либанскиот воздушен простор ќе биде привремено и како мерка на претпазливост затворен за сите летови кои пристигнуваат, поаѓаат и транзит од 01:00 до 7:00 часот“, се вели во соопштението на Министерството.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно потврдија дека Иран лансирал беспилотни летала во негова насока, а армијата е во состојба на готовност и континуирано ја следи ситуацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: