Лимонот е богат со мноштво важни соединенија – еве на кои лица особено им се препорачува

Лимонот е оптимален извор на витамин Ц, кој е важен за производство на колаген и помага во апсорпција на железото од растителната храна.
Доволниот внес на витамин Ц спречува создавање на жолчни камења, ефикасно се бори против настинките и поттикнува регенерација на коските.
Ова се само дел од најважните соединенија кои ги содржи овој плод:
Лимонска киселина
Лимонската киселина која е присутна во лимоновиот сок не ја намалува pH вредноста, туку ја зголемува (алкализира). Со зголемување на pH вредноста на урината, лимонската киселина помага во растворање на камењата во бубрезите и во отстранување на амонијакот од телото – производ на метаболизмот на протеини.
Д-лимонен
Д-лимоненот е соединение присутно во кората на лимонот кое ги ублажува воспаленијата во организмот и го нормализира шеќерот во крвта. Ова соединение е корисно за респираторни патологии, па затоа е неопходно за луѓе со оштетени бели дробови (после прележана пневмонија со астма) и кај пушачи.
Ериоцитрин
Ериоцитрин е антиоксидант кој се наоѓа во лимоновиот сок и кората. Ериоцитринот во комбинација со други активни супстанции покажал ефект врз намалување на воспаленијата, оксидативниот стрес и оптимизирање на нивото на шеќер во крвта. Ериоцитринот поттикнува оксидација на масни киселини и ја нормализира чувствителноста на хормонот инсулин. Оваа супстанција ја активира биогенезата на клеточните митохондрии.


Хесперидин
Го намалува оксидативниот стрес и воспаленијата и го нормализира васкуларното здравје. Хесперидинот ја намалува веројатноста за макуларна дегенерација (дегенерација на мрежницата кај постарите лица). Го намалува ефектот на галактоза, шеќер сличен на глукозата кој се наоѓа во млечните производи.
Диосмин
Диосминот ја подобрува состојбата на крвните садови, а во комбинација со хесперидин, тој е ефикасен кај проширени вени и терапија на хемороиди.
Нобелетин
Нобелетинот кој е присутен во лимоновата кора е потенцијален геропротектор.
Еве на кои лица особено им се препорачува редовно конcyмирање на лимон:
– пушачи
– лица кои се на диета
– лица кои патат од респираторни проблеми
– дијабетичари
– лица кои страдаат од гихт
– лица со бавен метаболизам
– за љубителите на слатки и млечни производи
– лица кои патат од варикозни вени
– лица постари од 60 години
Кората од лимон е најздравиот дел од лимонот, затоа нутриционистите препорачуваат и нејзина консумација. Пред консумирање на лимон, тој треба добро да се измие или да се остави да отстои во вода во која ќе растворите сода бикарбона.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.