Листа од 18 правила за здрав живот на Дејвид Агус, најпознатиот холивудски доктор кој го лекуваше Стив Џобс

И покрај фактот што неговиот број 1 клиент почина на 56 години, Агус не е виновен за тоа: дури ни тој не успеал да го убеди каприциозниот и бескомпромисен Стив Џобс да го оперира канцерот од кој боледувал.
Дејвид Агус создал листа од правила до кои треба да се придржувате доколку сакате да живеете долг и здрав живот:
1. Кофеин – кафето или чајот се пијат еднаш до два пати дневно. Меѓутоа, целосното отфрлање на овој стимуланс е повеќе штетно отколку корисно бидејќи кофеинот е одличен стимуланс на нервниот систем и е исклучително корисен во мали дози.
2. Насмевка – самата насмевка, дури и без причина, го поттикнува телото да ослободува ендорфин и серотонин во мозокот – хормони кои се најдобар “лек против болки” за секојдневниот стрес.
3. Одбегнувајте напорни тренинзи – на телото му е доволно 15-минутно оптоварување каде пулсот се зголемува за 50 отсто од вообичаениот ритам. Тоа можете да го постигнете и со одење по скали до вашата канцеларија.


4. Следете го бројот на отчукувања на срцето, физичката активност и притисокот.
5. Денови на риба – консумирајте најмалку три рибни оброци неделно, а најдобро е да консумирате црвена риба: лосос, харинга или пастрмка.
6. За вечера испијте чаша црвено вино – виното е добра превенција за кардиоваскуларните болести и болестите на крвните садови.
7. Консумирајте магнезиум и рибино масло – тие се одлична превенција од мозочен и срцев удар.
8. Не заборавајте да појадувате!
9. Често менувајте ја постелнината – тоа е важно!
10. Носете само удобни чевли.
11. Пешачете од 1 до 3 километри дневно.
12. Пијте смути – тоа ќе ве наполни со витамини.
13. Јадете вистинска храна: месо, а не колбаси; риба, а не конзервирана храна, зеленчук, а не готови салати.
14. Не купувајте и не пијте куповни сокови.
15. Бидете позитивни – тоа навистина функционира.
16. Внимавајте на изгорениците од сонце.
17. Избегнувајте изложување на Х зраци, особено на работа.
18. Молете се секој ден!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.