среда, 11 ноември 2026
Најново

Литванскиот министер за надворешни работи на средба со Муцунски

Литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис ќе престојува во официјална посета на земјава на покана на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.
Будрис ќе оствари тет-а-тет средба со Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу двете држави, соработката во рамки на НАТО, како и литванската поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

The post Литванскиот министер за надворешни работи на средба со Муцунски appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: