Лицето открива кои витамини ви недостигаат

Една од најважните работи за одржување на здравјето е внесувањето храна богата со витамини. Доколку се обидувате да слабеете или следите рестриктивна диета поради вашата здравствена состојба, добро е да најдете алтернатива на оние намирници кои се богати со хранливи материи и не се, а треба да бидат дел од вашата исхрана.
Секој недостаток на витамин може да се покаже штетен за вашето тело, а лицето ги открива знаците на недостаток на некои витамини.
Акни и сува кожа
Акните и сувата кожа можат да бидат резултат на различни хормонални промени како и таложење на нечистотија и бактерии. Меѓутоа, ако имате недостаток на одредени витамини, промените на вашата кожа во оваа форма може да укажуваат на тоа. Недоволното ниво на витамини А и Е може да доведе до формирање на акни на лицето, додека недостатокот на витамин Б12 може да предизвика вашата кожа да изгледа побледо од кога било. Исто така, внимавајте на знаците на екстремен замор и промени во расположението.
Оток на пределот околу очите
Отекувањето на пределот околу очите најчесто е предизвикано од алергии, но ако се појавува премногу често и најчесто наутро кога ќе се разбудите, тоа може да биде знак за ниско ниво на јод во организмот. Студиите го поврзуваат недостатокот на јод со болести на тироидната жлезда, што често може да доведе до замор, необјаснето зголемување на телесната тежина и отекување на очите.
Крварење на непцата
Недостатокот на витамин Ц може да предизвика голема штета на нашето здравје. Еден од знаците на кои треба да внимавате е крварењето на непцата, симптом на состојба позната како скорбут. Други симптоми може да вклучуваат склоност кон модринки, зголемено крварење во случај на повреда и болка во зглобовите и мускулите.
Бледи усни
Бледите, безбојни усни можат да бидат знак за многу различни здравствени проблеми. Сепак, тоа е еден од најчестите симптоми на анемија, состојба која се јавува поради ниското ниво на црвени крвни зрнца во телото. Ниското ниво на железо во телото предизвикува недостаток на црвени крвни зрнца, што го отежнува преносот на кислород до ткивата на телото. Затоа, може да доведе до промена на бојата на кожата и усните. Покрај тоа, недостатокот на железо може да го ослаби и имунолошкиот систем на телото.
Оштетена, испукана или сува коса
Ако имате оштетена, сува коса, можеби ви недостасува биотин во телото, познат и како витамин Б7. Ниските нивоа на биотин доведуваат до лупење на скалпот, сува коса и истенчување, како и кршење и пукање на ноктите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.