ЛИШЕНА ОД СЛОБОДА МАЈКАТА НА ДЕТЕТО КОЕ ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ ВО ПОЖАР ВО ГОСТИВАР

Лишена од слобода 35 годишната мајка на детето кое го загуби животот денеска во пожар во Гостивар, откако лекарите утвардија дека било врзано со ланци на нозете за време на трагичниот настан.
Откако и е пружена медицинска помош, пладнево е задржана во полициска станица Гостивар, под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“
Таму таа најверојатно ќе биде задржана до утре за расвелтување на поединости околу настанот, по што се очекува да биде изведена пред судија на претходна постапка во
7 годишното дете врзано со ланци за нозете, го загуби животот во пожар кој денеска избувна во станбена зграда во Гостивар. Детето се задушило од чадот, а според исказот на семејството било врзано, бидејќи било агресивно. Од обвинителство кое го води случајот соопштија дека телото ќе биде дадено на обдукција.
– Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност. По наредба на јавен обвинител се работи на собирање докази од местото на настанот кои би помогнале во разјаснување на причината за пожарот“. – велат од Јавно обвинителство Гостивар.
Од Министерството за труд и социјала велат дека до нив не пристигнале никакви пријави и информации за родителска негрижа или несоодветно однесување кон кое било од децата од повеќечленото семејството.
Петминути по пријавата пожарникарите пристигнале на местото на настанот, навреме да го локализираат пожарот за да не се прошири и кај останатите станови, но предоцна за да го спасат животот на седумгодишното дете.
На прашањето во каква положба пожарникарите го нашле детето, дел од нив за ТВ 24 одговорија дека не било врзано со ланци, но најверојатно кога го забележале пожарот членови од семејството го ослободиле.
Според првичните информации пожарот настанал од неисправно грејно тело, но по вештачењето ќе се утврди целосната причина. Семејството е згрижено од Центарот за социјални работи во Гостивар, а од МТСП побараа детално да се испита случајот по што ќе бидат превземени соодветни мерки во интерес на децата. семејството е згрижено од Центарот за социјални работи на Гостивар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.