Лишен од слобода мотоциклистот кој усмрти пешак во Скопје

Во СВР Скопје вчера е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител М.О. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: