Лога верува дека Палевски ќе биде екстрадиран релативно брзо

Министерот за правда Кренар Лога се надева дека Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција во земјава, но, рече, рано е да се зборува бидејќи уште не се искористени сите правни лекови. Очекува претстојнава седмица Турција да ги земе нашите барања во постапката.

НАПАЃАЧОТ НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА ИМАЛ СОУЧЕСНИК? Пресврт во истрагата за атентаторот
Словачкиот министер за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток денеска изјави дека и словачките власти ја разгледуваат можноста атентатот на премиерот Роберт Фиц да не го извршил „волк-самотник“, пренесе Танјуг. Според него, врз основа на …
Утре ќе се донесе одлуката за екстрадиција на Асанж во САД
Адвокатскиот тим на Асанж презентира неколку опции – тој ќе биде во авион за Америка во рок од 24 часа, можеби слободен или ќе се соочи со нов правен процес Британскиот суд утре, …

-Многу е рано да се зборува за што било како што кажавме и пред два дена. Релативно брзо ние очекуваме да биде испратен во Македонија, но треба да видиме дали ќе ги искористи сите правни лекови и дали системот во Турција ќе дозволи тоа да биде на начин како што ние побаравме. Испратени се документи неколку пати – преку ДХЛ, по електронски пат, преку нашето МНР и Амбасадата. Така што, верувам од понеделник натаму сите овие наши барања ќе бидат преземени во натамошната постапка во Турција, рече Лога пред почетокот на панел-дискусијата „Активирај се против насилство врз жените и девојките“ што ја организираше неговата партија Алијанса за Албанците.

Министерството за правда во четвртокот (7 декември) го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски. Од Министерството пред два дена соопштија дека оригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до Интерпол.

Барањето за екстрадација што министерот Лога го потпиша завчера доаѓа по апсењето на Палевски на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.