Лора Турунџиева наскоро ќе стане мајка, а деновиве имаше убав повод за славење (ФОТО)

Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева претходната година во август стапи во брак со нејзиниот избраник Филип Наунов. Свадбата се случи во еден познат скопски ресторан, а беше во кругот на најмилите и најблиските.

Имено, Лора е бремена и наскоро треба да се породи и да стане мајка, а Сузе баба.
Меѓутоа, деновиве Лора го славеше својот 19-ти роденден, а по тој повод на социјалните мрежи со емотивна порака се огласи Сузана Турунџиева.
„Среќен 19-ти роденден убава моја Лора. Март е наш месец… Нека трепка“ напиша идната баба на „Инстаграм“ во опис на фотографија од свадбата.

Бидејќи Лора наскоро треба да се породи, а во март е и нејзиниот роденден веруваме дека овој месец ќе и донесе многу среќа.
Останува да видиме кога Лора ќе стане мама, а Сузана баба.

Извор: Вистина.мк

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.