Лоциран е авионот кој се урна во близина на Загреб: Едно лице загина, три се повредени

Пожарникарите го пронајдоа авионот што денеска се урна во близина на Загреб. Според неофицијални информации, едно лице загинало, а три се повредени.

На местото веднаш биле испратени бројни спасувачки и медицински екипи. Подигнати се и дронови, се прават обиди да се стигне до местото на несреќата.

Владимир Кинѓерски, директор на аеродромот Лучко, за хрватските портали потврдил дека потрагата е во тек.

– Во моментов имаме потрага – кратко рече и го заврши разговорот.

Авионот кој се користел за скокови со падобран е лоциран, а во моментов се пристапува кон жртвите.

Пронајдете не на следниве мрежи: