Лошата страна на добриот холестерол

Таканаречениот добар холестерол (HDL) може во одредени околности да го покачи ризикот за срцев удар, тврдат американските научници.
HDL во нормални услови ја одржува проодноста на крвните садови и така се зачувува здравјето на срцето, но сепак може да ја отежне циркулацијата на крвта.
Научниот магазин Nature Medicine пишува дека во крвните садови може да дојде до модификација на HDL во случаи каде се менуваат неговите вообичаени функции и добринесуваат во развој за разни болести на срцето.


На тој начин HDL станува штетен холестерол. Тестирањата кои биле спроведени на 627 пациенти покажале дека со мерење на абнормалниот HDL можно е да се предвиди ризик за болест на срцето.
Сепак, научниците тврдат дека според овие испитувања не треба да се ограничува внесот на холестеролот, кој се наоѓа во житарниците со целосно зрно, портокалите, зеленчукот и рибите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.