Лоши вести од домот на Јоксимовиќ: Јована и Жељко заразени со коронавирусот, пријателите загрижени за нив

Јована и Жељко Јоксимовиќ се позитивни на коронавирус. Според изворот, парот е во изолација, која наскоро ќе истече, а двајцата постепено закрепнуваат.
2022 година не започнала така одлично за оваа двојка. И двајцата позитивни на коронавирусот, на самиот почеток на оваа година биле принудени да бидат дома, за да се опорават од нималку безопасна дијагноза, пишува „Стори“.
Состојбата од ден на ден им се подобрува, а наскоро ќе се вратат на секојдневните обврски и работа. Потсетуваме, Жељко пред неколку дена ја откажа српската новогодишна ноќ која беше закажана за 13 јануари на шеталиштето Сава.
Потоа, јавноста биле информирана преку следнава официјална објава:
– Наша желба беше на граѓаните на Белград и на гостите на градот да им подариме новогодишна ноќ која ќе ја паметат, но со оглед на епидемиолошката состојба решивме да го одложиме овој концерт. Здравјето и безбедноста на посетителите се наш приоритет број еден, а бесплатен концерт на Жељко Јоксимовиќ ќе се одржи кога тоа ќе го дозволи здравствената состојба, изјави Зорана Бурлиќ, директорка на Београдски Вотерфронт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.