Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Лион синоќа на „Олд Трафорд“ го режираа најдоброто што може фудбалот воопшто да го режира – чист спектакл.
Англискиот великан преживеа, од 2-4 во продолженијата до 5-4 за само шест минути на крајот за пласман во полуфиналето на Лига Европа, во меч кој ќе се памети и за кој долго ќе се зборува. Многумина всушност се убедени дека синоќа на „Олд Трафорд“ биле сведоци на најдобриот натпревар сезонава.
Пет гола беа постигнати во продолженијата, а педантните статистичари велат дека вакво нешто не се случило во историјата на европските натпреварувања!
За херојот Хари Мегваер ова беше најдобрата ноќ во неговиот живот. Стоперот на Јунајтед е режисер на победничкиот гол, прв постигнат во судиското продолжение на дополнителните 30 минута во историјата на едно европско натпреварување од дуелот меѓу Атлетик и Ливерпул во 2020 година.
„Покажавме одличен тимски дух, карактер, се заедно… Тоа може да се види само на овој стадион“ – изјави по мечот Мегваер.
Ова беше само втора победа на Јунајтед од 5-4 во историјата, а претходната беше во февруари 1958 година против Арсенал.
Исто така, капитенот на Манчестер, Бруно Фернандеш, го постигна својот 14-ти гол од пенал во европските натпреварувања (три за Спортинг, 11 за Јунајтед) и на тој начин се доближи до најголемите имиња во европскиот фудбал. Само Роберт Левандовски (20), Лео Меси (20) и Кристијано Роналдо (18) постигнале повеќе голови од пенал во евро-натпреварувањата.
The post Луда ноќ на Олд Трафорд appeared first on 365.mk.