Луди, но вистински теории за цртаните и игрите кои не сте ги забележале до сега

Секој од нас во одреден момент од животот бил навлечен на цртани филмови и уживал во содржините што тие ги нудат. Меѓутоа, многу често пропуштаме многу битни детали од цртаните и игрите, не ги поврзуваме работите и кога ќе дознаеме дека многу од нив се метафори на секојдневни случувања или ликови, остануваме збунети.
Дали знаевте дека..
Сите ликови од „Сунѓер Боб“ се производи на нуклеарно тестирање. Да. Цртанот се работи за морски сунѓер кој живее на дното од морето во ананас, а во цртанот има и лигња која работи во ресторан чиј сопственик е краба. Режисерите не сакале да ги претстават ликовите како мутанти, но многумина не знаат дека Боб и неговите другари изгледаат и се однесуваат така бидејќи местото каде се работи овој цртан се наоѓа на место каде била фрлена атомска бомба во 1946 година, поточно Бикини Атол.
„Супер Марио 3“ е всушност претстава, што може да се забележи по почетокот на играта кога завесата се крева и ликовите се раздвижуваат. Супер Марио 3 е претстава за дебел водоинсталатер кој повремено фрла огнени топки. За време на играта предметите остануваат на своите позиции секогаш, што е имитација на сцена.
Доктор Канџа е вистинскиот инспектор Гаџет. Др. Канџа има една рака која изгледа како да е вештачка, е според споменатата приказна тој некогаш бил детектив, но дошло до страшна експлозија и оттогаш сите мислат дека тој е починат. Во тој момент во цртаниот филм се појавува неговата внука Пени која пробува да го врати во форма на робот и детектив.
„Ед, Едд и Еди се мртви“. Трите клинци што постојано се обидуваат да ги насамарат останатите деца од маалото и се однесуваат по малку кретенски, се мртви. Поточно сите деца во цртаниот филм се мртви и живеат во еден вид на чистилиште, а возрасни во цртанот се појавуваат само кога децата ќе го напуштат блокот, поточно чистилиштето.
Духот од Аладин е трговец на почетокот на филмот. Премотајте и ќе видите дека не лажеме.
Сѐ уште ќе му дозволите на вашето дете да ги гледа цртаните филмови и покрај споменатите теории?Секој од нас во одреден момент од животот бил навлечен на цртани филмови и уживал во содржините што тие ги нудат. Меѓу

Пронајдете не на следниве мрежи: