четврток, 12 ноември 2026
Најново

Лукаревска во емисијата ТОП ТЕМА: Под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека над 300 инспектори и контролори на УЈП се на терен во сите подружници на синџирот на маркети КАМ во земјава поради утврдени неправилности.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Согласно контролите на терен, имаме обврска да постапиме. Под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите“,

изјави Лукаревска во Топ Тема.
Директорката на УЈП истакна дека одредени производи не биле ставени во ставката „Г“, а имало и поплаки од потрошувачите.

„Голем број поплаки се од потрошувачите. Што се однесува кај другите поголеми маркети, кај еден до две беа регистрирани неправилности и на лице место се сузбиени“,

посочи Лукаревска.

Поврзани вести