Лукашенко издаде итна наредба! Распоредете Орешник во Белорусија: Едно прашање останува тајна а одговорот го знае само Владимир Владимирович Путин!

Белорускиот претседател Александар Лукашенко нареди распоредување на рускиот ракетен систем Орешник во Белорусија и правилно планирање на неговата употреба, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили – првиот заменик министер за одбрана Павел Муравејко.– Има само една наредба, да се обезбеди распоредување на Орешник на наша територија и компетентно да се планира неговото користење – изјави Муравејка, пренесе агенцијата Белта.Муравејко ова го изјави по состанокот на Советот за безбедност на Белорусија.На прашањето да разјасни точно колку вакви системи се планира да бидат испорачани во Белорусија, началникот на Генералштабот одговори дека „само претседателот на Русија го знае тоа“.

Минатата недела Лукашенко побара од рускиот лидер Владимир Путин да го постави најновото руско оружје, вклучувајќи го и системот Орешник, на белоруска територија.Рускиот претседател одговори дека смета дека е можно Орешник да биде распореден во републиката во втората половина на 2025 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: