Лукашенко ја смени приказната: „Ми се допаѓаат постапките на Доналд Трамп во последно време“

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, се сретна со специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави во Белорусија, Џон Кол, и во таа прилика рече дека многу му се допаѓаат постапките на американскиот претседател Доналд Трамп во последно време, јавуваат белоруските медиуми.

Лукашенко му честиташе на Кол за неговото назначување за специјален претставник на САД за Белорусија , објави БелТА.

„Вие сега сте нашето главно лице за контакт за Белорусија. Кажете му на Трамп дека мора да преземеме нешто во врска со ова. И ќе преземеме“, истакна Лукашенко на состанокот.

Тој, исто така, ги пофали постапките на американскиот претседател.

„Велат дека Трамп сака ласкање. Но, јас не сум за ласкање. Сакам да кажам дека навистина ми се допаѓаат неговите постапки во последно време“, рече Лукашенко.

Тој додаде дека има многу прашања.

„Светот се менува многу брзо, се појавуваат нови проблеми за кои мораме да разговараме со вас. И можеби дури и да решиме некои од нив“, заклучи претседателот на Белорусија.

Како што дознава БелТА од прес-службата на белорускиот претседател, разговорите започнале денес и се планира да продолжат утре.
The post Лукашенко ја смени приказната: „Ми се допаѓаат постапките на Доналд Трамп во последно време“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: