Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19

По три години и неодамнешното откажување на политиката „нулта ковид“, денеска ширум Кина беше дочекана лунарната нова година.

Покрај традиционалните манифестации во рамки на Пролетниот фестивал, кој го означува почетокот на новата лунарна година, имаше и големи семејни собири низ земјата. На јавните прослави во Пекинг и другите големи градови имаше помалку луѓе отколку во годините пред пандемијата.

„Експертите не очекуваат големо зголемување на бројот на инфекции со Ковид-19 во следните два или три месеци, бидејќи околу 80 отсто од кинеското население беше заразено за време на неодамнешниот бран“, објави на Веибо, Ву Зунју, главен епидемиолог во кинескиот Центар за контрола на болести.
Тој додаде дека „покрај тоа, масовното движење на луѓето може да доведе до ширење на вирусот“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.