Луна Џогани решена повторно да го освои Слоба: „Поради мене ќе ја остави Јелена“

Луна Џогани која е во врска со Марко Миљковиќ во реалното шоу „Задруга“ се почесто го спомнува Слоба Радановиќ и тоа е причина за нивните кавги.
Имено, на Марко му пречи тоа што Луна често го спомнува и вели дека е љубоморен на нивното минато. Иако Луна вели дека не чувствува ништо кон бившиот партнер, изгледа не е така.
Како што пишува ало.рс, Луна планира по излегувањето од реалното шоу повторно да го заведе Слоба.


„Луна се уште го сака Слоба и нема никогаш да го преболи. Кога Марко ќе ја изнервира или кога ќе се скараат, таа се сеќава како Слоба беше нежен кон неа, како ја бранеше, чуваше, како имаа добар с*кс..“, вели блиска пријателка на Луна која сакала да остане анонима.
Како што вели, Луна пред „Задруга“ ветила дека Слоба повторно ќе биде нејзин.
„Кога пред реалното шоу му зборуваше за планови со Слоба, најверојатно тоа влијаеше на Марковото додворување на Јелена Пешиќ. Беше многу повредена и велеше дека ќе влезе за да се покаже во поразлично светло. Ми велеше дека за Слоба ќе зборува за суперлатив бидејќи е сигурна дека ќе ја гледа, а кога ќе излезе ќе се види со него“ вели другарката на Џогани и додава:
„Најсилен адут и е с*ксот бидејќи мисли дека нема да ја одбие. Тврди дека на тој начин ќе успее да ја раздели од свршеницата Јелена“, завршува другарката на Џогани.
За потсетување, Слоба е во врска со Јелена, а наводно за септември ја закажале и свадбата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.