Луѓето не можат да поверуваат дека Џенифер Лопез има 49 години

По нејзиниот неверојатен перформанс во вторникот, 49-годишната пејачка објавила импресивна фотографија со мускули на Инстаграм за да го прослави завршувањето на 12-тото шоу во Лас Вегас од планираните 15.


„Си ветив дека наместо да дозволам да ме умори, ќе бидам посилна од кога било порано кога ќе заврши. Ќе работам напорно и ќе бидам во најдобра форма во мојот живот“, напишала таа под фотографијата, јасно кажувајќи ни дека навистина е жена што стои на својот збор.
Таа е навистина сериозна кога станува збор за вежбањето и вели дека се чувствува како супержена по завршувањето на секое шоу. Зарем го најдовме фитнес херојот што одамна го бараме? Погледнете ги фотографиите во продолжение и уверете се и самите зошто на никого не му се верува дека таа има скоро 50 години!


Неодамна Јенифер Лопез ја објави оваа импресивна фотографија на Инстаграм
49-годишната пејачка отсекогаш била посветена на фитнесот, а сега вежба заедно со нејзиното момче А-Род


Тие се запознале во 2015 година, на неговиот бејзбол натпревар, но бидејќи тогаш сè уште беше во брак, нивната романса почнала дури во 2017 година
Тие заедно се можеби најдобриот фитнес пар што некогаш досега сте го виделе
А-Род дури отворил своја теретана, „TruFusion“, на почетокот на 2018 година
Тоа што можеби нема да го забележите по нејзиното тело е дека Џенифер Лопез има родено близнаци


И покрај тоа што за многумина вежбањето може да биде битка, за Џенифер Лопез е активност што ја прави вистински среќна
Таа знае како да ги оствари своите фитнес цели и никогаш не бара скратени патчиња
Дури има и личен тренер на секој брег


Сепак, и покрај толку вежбање, таа наоѓа време и да ужива со себе
Но, на крајот на денот, најсреќна е кога пробува најразлични фитнес рутини

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.