Крвната група влијае на целокупното здравје, секоја од нив има свои карактеристики и слабости, но една е веројатно најотпорна на болести.
Станува збор за крвната група 0, поради што се смета за најдолговечна. Имено, докажано е дека луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, како и дека имаат помала веројатност да заболат од одредени видови на рак, како што се ракот на панкреасот и желудникот.
Една од досега откриените причини зошто крвната група 0 е најздрава е тоа што крвта од оваа група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта и срцеви и мозочни удари предизвикани од згрутчување на крвта. Отпорот на најопасните болести значи поголема шанса за долг живот.
„Изгледа интуитивно очигледно дека избегнувањето на болеста е дел од стратегијата за долг живот. Но, постои силна догма дека кај стогодишниците целата корист доаѓа од гените против стареење“, изјави за магазинот Time Стјуарт Ким, професор на Катедрата за биологија и генетика на Универзитетот Стенфорд, презентирајќи ги неколкугодишните резултати од истражувањето на неговиот тим.
Во потрага по тајната на долговечноста, тие ги испитале гените на 800 стогодишници и 5.400 90-годишници и откриле дека варијациите во четири гени се многу важни за брзината на стареењето: CDKN2B, кој игра важна улога во клеточната делба, ABO, што се однесува на типот на крвната група, APOE, која влијае на склоноста на организмот да добие Алцхајмерова болест и SH2B3, која го продолжува животот на луѓето и винските мушички.
Како што објаснија, утврдиле дека одредени варијации на гените почесто се јавуваат кај луѓе кои живеат до стотка, а кога станува збор за крвната група – таа била нулта.