Луѓето родени во декември имаат голема шанса да живеат подолго од останатите, што е многу значајно од аспект на здравјето и поради тоа тие се посебни.
Истражувањето кое е објавено во магазинот Juornal of Ageing Research покажа дека бебињата кои се родени во декември имаат поголеми шанси да живеат подолго. Имаат многу поголеми шанси да живеат подолго и да прослават дури 105 роденден во споредба со децата кои се родени во јуни.
Тие понекогаш се чувствуваат запоставено, бидејќи се родени во време кога се слави Божиќ и Нова Година, па некогаш луѓето се повозбудени околу тоа отколку за нивните прослави.
Друго истражување покажа дека луѓето родени во декември помалку жалат од другите и имаат помала промена на расположение. Поради тоа е одлично да имате пријатели родени во декември, кои исто така имаат и помал ризик од кардиоваскуларни болести.