Истражувачите од Универзитетот во Чикаго ги споредиле податоците на стогодишниците родени во октомври помеѓу 1880 и 1895 година со податоците на нивните браќа и сестри, како и на сопружниците.
Студијата покажала дека луѓето родени во октомври имаат многу поголеми шанси да доживеат длабока старост отколку оние родени во април. Откриле и дека луѓето родени во септември и ноември исто така живеат подолго од просекот.
Постојат неколку теории кои се обидуваат да ги објаснат податоците до кои излезе новата студија. Според една теорија, бебињата родени во октомври се помалку изложени на сезонски болести бидејќи во октомври нема екстремно ниски и високи температури, за разлика од децата родени во текот на летото или зимата.
Можеби породувањето на есен штити од сезонски болести, а тоа може да влијае на нечија долговечност. Сепак, истражувачите не се сосема сигурни.
Во игра се многу фактори, а генетиката игра голема улога. На долговечноста повеќе влијаат навиките во исхраната, физичката активност, избегнувањето лоши навики, како пушењето и другите пороци.