Луѓето со нормална тежина јадат кога се гладни и често кажуваат дека уживаат во јадењето. Подебелите луѓе пак во храната не пронаоѓаат задоволство. Во замена, тие јадат кога ќе почувствуваат потреба за одредена храна, но не се гладни.
Научниците објаснуваат дека причината за тоа што дебелите луѓе во секојдневниот оброк јадат повеќе храна, се крие во тоа што се обидуваат да го компензираат чувството на незадоволство после оброкот.
Учесниците на студиите по пат на апликација на телефонот на скала од 1 до 10, означувале кога чувствуваат глад и колку се задоволни после јадењето. Научниците биле изненадени тоа што подебелите учесници во студијата, потреба за храна имале исто како и оние со нормална тежина.
И група на здрави испитаници и група на оние со прекумерна тежина имале слични потреби за јадење, три пати дневно. И должината на оброкот траела слично, околу 18 минути.
Луѓето со прекумерна тежина не биле повеќе гладни од оние со нормална тежина. Сепак, воочено е дека подебелите луѓе и луѓето со нормална тежина имаат различни навики за консумирање на храната и поразличен однос кон храната. Луѓето со нормална тежина јадат кога ќе почувствуваат глад и после оброкот се многу задоволни.
Подебелите луѓе не јадат бидејќи се гладни. Тие јадат кога ќе имаат желба за некоја одредена храна, а после јадењето не чувствуваат задоволство. Еден од авторите на студиите, доктор Ханс Питер Кубис вели дека нашата желба за да јадеме нешто е основана на тоа да се наградиме себе, а не поради вистинското чувство за глад.
Недостатокот на задоволство во текот на јадењето може да резултира со прејадување, а може и да се случи да се внесува поголема количина на храна за да се компензира недостатокот на уживање во храната.
Поради тоа, за да им се помогне на луѓето да ја намалат тежината, поголемо внимание треба да посочат кон чувството за уживање после еден оброк.