Потребни се само 50 грама ф’стаци!
Куглофот со ф’стаци и чоколадо се подготвува еден час, а потребно е само да се набави калап за колачи. Ако немате тркалезен калап, истурете ја смесата во тава.
Состојки:
130 гр чоколадо за готвење
160 гр шеќер
120 гр маргарин или путер
6 јајца
40 гр шеќер во прав
130 гр брашно
100 гр засладено овошје (брусница, ананас)
50 гр излупени ф’стаци
150 гр млечно чоколадо
ќесичка прашок за пециво
Подготовка:
Растопете го чоколадото за готвење на пареа, заедно со маргаринот (путерот) и шеќерот. Потоа тргнете го садот од шпоретот и во него изматете ги жолчката од јајцето и прашокот за пециво, така што смесата ќе биде фина, пенлива. Одделно изматете ги белките во цврст снег и додадете го шеќерот во прав, а потоа и брашното.
Нежно промешајте, како да се меша пена.
Лесно, мешајќи рачно, комбинирајте ги двете смеси и додадете го засладеното овошје. Силиконскиот калап премачкајте го со маргарин и истурете ја подготвената смеса во него. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути.
Извадете го колачот од калапот кога ќе се олади и прелијте го со стопено млечно чоколадо. Ситно исецканите ф’стаци посипете ги одозгоре и ставете ги во фрижидер да се стегне.