Мадрид пред карантин

Жителите на Мадрид исправени пред новите мерки против КОВИД-19 – ќе им биде забрането непотребно да го напуштаат градот, а на посетителите исто така ќе им биде забранет влез во градот, доколку тоа не е неопходно, објави шпанската влада.
На прес-конференција шпанскиот министер за здравство Салвадор Иља изјави дека новите мерки ќе стапат на сила во наредните денови, пренесува „Ројтерс“.


Новите правила предвидуваат на луѓето да им биде дозволено да одат од општина до општина само за да одат на работа, училиште, лекар или да купуваат.
Се планира и ограничена работата на баровите и рестораните – до 23 часот, наместо до 1 часот наутро како порано, а јавните паркови и игралишта ќе бидат затворени.
Максималниот број на лица кои ќе може да присуствуваат на евентуални собири ќе биде ограничен на шестмина.
Регионот Мадрид во моментов е жариште на инфекцијата, а во него е евидентирана третина од 133.604 случаи кои се потврдени во последните две недели.
Мадрид има 735 активни случаи на 100.000 жители, што е повеќе отколку во кој било друг регион на Европа и двојно повеќе од националната стапка.
Конзервативното регионално собрание веќе воведе карантин во 45 претежно сиромашни области со претежно мигрантско население.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.