четврток, 12 ноември 2026
Најново

Маестралниот Маслинко е МВП на Купот: Одигравме феноменално – сега на ред е титулата!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Репрезентативецот Андреј Маслинко беше најдобриот стрелец во редовите на МЗТ Скопје на патот до трофејот во Купот на Македонија, откако постигна 17 поени во финалниот натпревар против Кожув со шут 8/12 од поле.

Тој блескаше и во полуфиналето, кога во триумфот над Пелистер постигна 29 поени без ниту едно промашување (10/10), поради што заслужено го доби признанието за најкорисен играч (МВП) на турнирот. Маслинко по триумфот над Кожув дека тимот одиграл одлично и покрај напорниот распоред.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Овие три дена одигравме феноменално. Три натпревари за три дена не оставаат многу простор ниту за подготовка, ниту за одмор. Тимскиот учинок беше клучен, затоа и дојдовме тука. Следната наша цел е шампионската титула“, изјави Маслинко.

Поврзани вести